Description
политичко стојалиште и заложба за промена на политичката положба на жените и за промовирање на родовата еднаквост, врз основа на тезата дека жените се потчинети поради своето родово определено тело, т.е. полот
Additional notes and information
Во сите феминизми се наведува дека жената е во подредена положба во однос на мажот. Покрај трите брана на феминизмот и постфеминизмот, постојат неколку феминистички струи и ориентации, пр. марксистички феминизам, либерален феминизам, сајбер феминизам, лезбејски феминизам, радикален феминизам, феминизам и психоанализа итн. Главниот фокус на современите феминизми е или реевалуацијата и реконцептуализацијата на жените, нивните положби и улоги, или деконструкција на прикриени форми на родова дискриминација и исклученост.