Description
Општа дефиниција:
- Убивање на жени и девојчиња поради нивниот род, кое може, меѓу другото, да се јави во форма на:
- убиство на жени како резултат на насилство од интимниот партнер
- измачување и мизогино колење на жени
- убивање на жени и девојчиња во име на „честа“
- таргетирано убивање на жени и девојчиња во контекст на вооружен конфликт
- убивање на жени поврзано со мираз
- убивање на жени и девојчиња поради нивната сексуална ориентација и родов идентитет
- убивање на домородни жени и девојчиња поради нивниот род
- женски инфантицид и родово заснован фетицид за избор на полот
- смрт поврзана со гениталното осакатување
- обвинување за вештерство
- и други фемициди поврзани со банди, организиран криминал, дилери на дрога, трговија со луѓе и ширење на мало оружје.
Статистичка дефиниција:
Убивање на жена од страна на интимен партнер и смрт на жена како резултат на практика што е штетна за жените. Интимниот партнер се сфаќа како поранешен или моментален сопружник или партнер, независно дали сторителот дели или некогаш делел живеалиште со жртвата.