Description
перспектива што ги зема предвид родово базираните разлики кога се разгледува секој општествен феномен, политика или процес
Additional notes and information
Родовата перспектива особено се фокусира на родово базираните разлики во статусот и моќта, и зема предвид колку дискриминацијата ги обликува непосредните потреби, но и долгорочните интереси, на жените и мажите. Во контекст на политиките, користењето на родовата перспектива е стратегија за да станат проблематиките и искуствата на жените, но и на мажите, составна димензија на изработката, спроведувањето, мониторингот и евалуацијата на политиките и програмите во сите политички, економски и општествени сфери, за да имаат жените и мажите еднаква корист и да не се одржува да опстојува нееднаквоста.