Description

насилството што го доживуваат жените и девојчињата за време на вооружен конфликт, во облик на физичко, сексуално или психолошко насилство извршено од државни и недржавни чинители, вклучително и убиство, незаконско убивање, измачување и друго сурово, нечовечно или деградирачко постапување или казнување, грабнување, обезличување и осакатување, присилно регрутирање на жени борци, силување, сексуално ропство, сексуална експлоатација, недоброволно исчезнување, произволно задржување, присилен брак, присилна проституција, присилен абортус, присилна бременост и присилна стерилизација

Additional notes and information

Сексуалното насилство се применува во време на вооружени конфликти од повеќе причини, вклучително и како форма на измачување, за нанесување повреда, за извлекување информации, за понижување и застрашување и за уништување на заедници. Силувањето жени се користи за понижување на противниците, за протерување на заедниците и групите од земјиштето и за своеволно ширење ХИВ. Жените се присилуваат да вршат сексуална и домашна робовска работа. Воедно, жените и се грабнуваат, а потоа се присилуваат да им служат како „сопруги“ на наградените борци.