Description

секоја комбинација на форми на дискриминација по основ на етничко потекло, вера или уверување, попреченост, возраст, сексуална ориентација, родов идентитет или други карактеристики, и дискриминација врз оние што ги поседуваат, или за кои се смета дека ги поседуваат тие карактеристики

Additional notes and information

Терминот „повеќекратна дискриминација“ се користи како сеопфатен, неутрален термин за сите случаи кога постои дискриминација по неколку дискриминаторски основи. Оваа појава може да се манифестира на два начина. Прво, постои „збирна (кумулативна) дискриминација“, кога поединечно се врши дискриминација по неколку основи. Второ, постои „интерсекциска дискриминација“ кога две основи стапуваат во интеракција на начин што ги прави неразделиви.
Припадничките на одредени групи во неповолна положба се соочуваат со поголем ризик од изложеност на нееднаков третман бидејќи поседуваат комбинација на карактеристики што може да бидат иницијална каписла за дискриминација, и на нив се врши повеќекратна дискриминација на различен начин или во различна мера во споредба со мажите - припадници на истите групи (на пример, стерилизација на Ромките без нивна согласност).