Description

општествени норми и норми во однесувањето, за кои во дадена култура се смета дека се општествено соодветни за припадниците на одреден пол

Additional notes and information

Колективно, родовите улоги често ги одредуваат традиционалните одговорности и задачи што им се доделуваат на жените, мажите, девојчињата и момчињата (види родова распределба на трудот). Родово специфичните улоги често се условени од структурата на домаќинството, пристапот до ресурси, специфичните влијанија врз глобалната економија, појавата на конфликт или катастрофа, и други локално релевантни фактори, како еколошките услови. Како и самиот род, родовите улоги може да еволуираат со текот на времето, особено преку јакнењето на жените и трансформирањето на маскулинитетите.