Description

нумерички и супстантивен концепт што се поврзува со родовата еднаквост, кој често се пресметува за одреден индикатор како сооднос на вредностите за жените и за мажите

Additional notes and information

Родовиот паритет се однесува на релативната еднаквост во однос на бројките и соодносите на жените и мажите, девојчињата и момчињата. Кога се пресметуваат соодносите машки во однос на женски, се користи ознаката „полов сооднос“ место „родов паритет“.
Во контекст на родовата еднаквост, родовиот паритет не само што има нумеричка димензија, туку исто и супстантивна димензија, и упатува на еднаквата распределба на жените и мажите во сите димензии на приватниот и јавниот живот.