Description

еднакви права, одговорности и можности за жените и мажите, и девојчињата и момчињата

Additional notes and information

Еднаквост не значи дека мажите и жените ќе станат исти, туку дека правата, одговорностите и можностите на жените и мажите нема да зависат од тоа дали се родиле како женско или како машко. Под родова еднаквост се подразбира дека се земаат предвид интересите, потребите и приоритетите и на жените, и на мажите, со што се признава разноликоста на различните групи на жени и мажи. Еднаквоста на жените и мажите се смета за прашање од областа на човековите права, но и предуслов и показател за одржливи развој и демократија во чиј центар е човекот.