Description

правата на поединците и групите да добијат брз, делотворен и правичен одговор за заштита на нивните права, да спречуваат или да решаваат спорови и да ја контролираат злоупотребата на моќта преку транспарентен и ефикасен процес, во кој постојат механизми што се достапни, пристапни и отчетни, и кој се заснова на еднаквост

Additional notes and information

Државите имаат обврска под меѓународното право да обезбедат пристап до правда. Пристапот до правда на жените претставува законска и уставна рамка со која се гарантираат правата на жените, но без едукација, свесност за правата и моќ на одлучување, жените често не се во можност да ги побараат своите права, да добијат правна помош или да одат на суд. Во процедурален смисла, пристапот до правда подразбира на лицата што бараат да ги остварат стекнатите права да им се обезбедат: соодветни и разбирливи информации за опсегот на овие права и како да пристапат до нив; достапна инфраструктура, како во формална, така и во практична смисла, за да се добијат информациите и да се постапи по нив; квалитет во функционирањето на оваа инфраструктура во практиката; и доверба во употребливоста и интегритетот на таквата инфраструктура. За да се избегне секундарна виктимизација и стигматизација на жените за време на законските постапки, потребен е родово сензитивен пристап. Материјалниот аспект на правдата се фокусира на законските и судските исходи, тие самите да бидат „праведни и правични“.