Description

состојба на потполна физичка, ментална и социјална благосостојба, а не само отсуство на болест или немоќ, по сите прашања што се однесуваат на репродуктивниот систем и на неговите функции и процеси

Additional notes and information

Тоа подразбира дека луѓето се способни да имаат задоволувачки и безбеден сексуален живот и дека имаат капацитет да се репродуцираат и слобода да решаваат дали, кога и колку често ќе го прават тоа. Во последниот услов, имплицитно се опфатени: правата на жените и мажите да бидат информирани; да имаат пристап до безбедни, делотворни и прифатливи методи за планирање на семејство кои можат да си ги дозволат, вклучително и методите за регулирање на плодноста што не се спротивни на законот; и правото на пристап до соодветни здравствени услуги за да им се овозможи на жените да имаат здрави бременост и пораѓање, а паровите да имаат најголема шанса да имаат здраво дете. Репродуктивното здравје е составен дел на репродуктивните права.