Description

човекови права што се веќе признати во националните закони, меѓународните закони и меѓународните документи за човекови права и други консензусни документи што се темелат на признавањето на основните права на сите парови и поединци слободно и одговорно да решаваат за бројот на децата, кога да се родат, на колкава временска раздалеченост, и да ги добијат потребните информации и средства како да го направат тоа, и на правото на сексуално и репродуктивно здравје по највисоки стандарди

Additional notes and information

Тука се вклучува и правото да се донесуваат одлуки околу репродукцијата без дискриминација, присила и насилство, како што се наведува во документите за човековите права. Човековите права на жените го вклучуваат и нивното право да имаат контрола, и слободно и одговорно да решаваат за прашањата што се однесуваат на нивната сексуалност, вклучително и на сексуалното и репродуктивното здравје, без присила, дискриминација и насилство. Во еднаквите врски меѓу жените и мажите по прашањата поврзани со сексуалните односи и репродукцијата, вклучително и целосната почит за телесниот интегритет на лицето, потребна е меѓусебна почит, согласност и поделена одговорност за сексуалното однесување и последиците од него.