Description
комбинација на формалната родова еднаквост со еднаквост на исходот, што значи дека еднаквоста пред законот, еднаквите можности и еднаквиот третман на жените и мажите се надополнуваат со еднаквоста во влијанието, исходот или резултатот
Additional notes and information
Супстантивната родова еднаквост бара еднаквоста да се толкува во поширок контекст на реалната понеповолна положба на жените и влијанието на овие околности во однос на отстранувањето на неповолноста во исходот или резултатот. Тоа е канал преку кој жените можат да ги користат и целосно да уживаат во човековите права и слободи на еднаков терен како мажите.
Концептот на супстантивна еднаквост е особено релевантен за да се надминат неповолностите засновани на полот и родот. Потребно е да се изврши темелен преглед на родово неутралните формални закони, политики и програми со кои исто се третираат жените и мажите за да се процени дали со нив забрзано ќе се постигне родова еднаквост во практиката и ќе се елиминира дискриминацијата врз жените.