Description

дискриминација што се јавува кога со некоја навидум неутрална одредба, критериум или практика се ставаат лицата од одреден пол во конкретна понеповолна положба во споредба со лицата од другиот пол, освен во случај кога таа одредба, критериум или практика е објективно оправдана со легитимна цел, а средствата за постигнувањето на таа цел се соодветни и потребни.

Additional notes and information

Овој концепт се фокусира на ефектот на одредено правило или практика и ја зема предвид секојдневната општествена реалност.

Индиректна дискриминација се јавува кога некој закон, политика или програма не се чини дека е дискриминаторска, но има дискриминаторски ефект кога ќе се спроведе. Тоа може да се случи кога, на пример, жените се наоѓаат во понеповолна положба од мажите во поглед на дадена прилика или бенефиција поради веќе постоечка нееднаквост.

Ако се примени родово неутрален закон, ваквата нееднаквост може и понатаму да опстојува во практиката, па дури и да се засили.