Description

остварување на родовата еднаквост во пишаниот и говорниот јазик што се достигнува кога жените и мажите и оние што не потпаѓаат под бинарниот родов систем стануваат видливи и опфатени со јазикот како луѓе со еднакви вредност, достоинство, интегритет и почит

Additional notes and information

Избегнувањето на дискриминацијата базирана на полот и родот почнува со јазикот, зашто систематската употреба на родово пристрасната терминологија влијае на ставовите и очекувањата и може, во умот на читателот или слушателот, да ги потисне жените во позадина или да помогне да опстои некое стереотипно гледиште за улогите на жените и мажите. Постојат повеќе различни стратегии што може да се искористат за да се изразат прецизно родовите врски, како на пример колку што е можно повеќе да се избегнува употребата на јазик што експлицитно или имплицитно се однесува само на еден род, и да се обезбеди, преку инклузивни алтернативи и според карактеристиките на секој јазик, употреба на родово сензитивен и инклузивен јазик.