Description

родово специфични служби (сервиси) што се создадени за да се заштитат и зајакнат жените што преживеале насилство од интимен партнер, и нивните деца, и што се прилагодени на нивните конкретни моментални и долгорочни потреби. Овие услуги ги пружа специјализиран персонал со темелни познавања на родово базираното насилство. Видовите поддршка што се нудат во рамките на овие служби вклучуваат: СОС линија за поддршка и информации, засолниште и безбедно сместување, краткорочно и долгорочно психолошко советувалиште, правно советување, застапување и теренски/продолжени услуги, како и услуги за деца.