Description
Жртвите на сексуалното насилство може да добијат поддршка во форма на кризен центар за жртви на силување или кризен центар за упатување на жртви на сексуално насилство. Кризните центри за жртви на силување обично нудат долгорочна поддршка, како советување лице в лице, групи за поддршка и контакт со други услуги. Воедно, нудат поддршка и за време на судските постапки преку застапување „од жена за жена“ и друга практична помош. Центрите за упатување на жртви на сексуално насилство може да се специјализирани за пружање моментална медицинска грижа, квалитетна форензичка практика и кризни интервенции.