Description

планирањето на безбедноста претставува процес преку кој жртвата може да се консултира со соодветните агенции за да разговара за зголемување на личната безбедност и безбедноста на децата.

Забелешка:
Треба да биде дел од партнерскиот пристап меѓу стручните лица, жртвите и децата, и треба да се опфати проценката на степенот на ризик, да се развие кризен план и план за иднината, како на краток, така и на долг рок. Улогата на полицијата е да помага безбедносните планови да се развијат и поддржат како дел од нивните процеси за управување со ризикот. Општо, жртвата, со помош на независна советничка/советник за родова еднаквост (НСРЕ) или друга независна служба за застапување, треба да го изведе планирањето на безбедноста, а полициските службеници можат да придонесат кон процесот преку спроведување мерки за заштита како дел од планот за управување со ризикот или акцискиот план. Тоа треба да се изведе во консултација со други агенции, пр. противпожарната служба, службите за домување, детските служби.