Description

Општа дефиниција: Неконсензуално вагинално, анално или орално пенетрирање од сексуална природа во телото на друго лице, со кој било дел од телото или со предмет. Мора да се даде доброволна согласност како резултат на слободната волја на лицето, како што се проценува во контекст на дадените околности Статистичка дефиниција Сексуално вагинално, анално или орално пенетрирање со примена на предмет или на дел од телото, без согласност, со примена на сила, присила или искористување на ранливоста на жртвата.

Additional notes and information

Присилувањето друго лице да учествува во неконсензуални чинови од сексуална природа со трето лице исто така се смета за силување.

Согласноста претставува доброволно прифаќање како резултат на слободната волја на лицето. Кога жртвата е дете на возраст помала од возраста што се дефинира во домашното законодавство како возраст за согласност, половиот однос со неа или со него исто така претставува силување.

Во меѓународните правни рамки, силувањето се смета за повреда на човековите права на жените (Резолуцијата 48/104 на Генералното собрание на ОН, заснована на Универзалната декларација за човекови права на ОН); за вид на тортура (праксата на Европскиот суд за човекови права, заснована на Европската конвенција за човекови права); за воено злосторство (Римскиот статут на Меѓународниот кривичен суд); и за форма на родово базирана дискриминација врз жените (Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените, Општа препорака бр. 19 на Комитетот на ЦЕДАВ).