Description

општо прифатени вредности и однесувања во рамките на организацијата, како работното време, шегите што се сметаат за соодветни и начинот на кој меѓусебно си се обраќаат вработените.

Additional notes and information

Сиве овие работи претставуваат дел од колективното, неискажано оценување на тоа што е релевантно, прифатливо и/или важно во некоја организација. Клучните елементи на организациската структура се имплицитни; тие се практикуваат во секојдневните рутини, им даваат заедничка насока на вработените во организацијата, и се резултат на учење и внатрешна координација во самата организација. Понатаму, тие претставуваат и специфичен поглед кон светот. Поединците не ја учат свесно организациската структура, туку ја интернализираат во процесот на социјализација. Тоа покажува дека може да дојде до институционална трансформација само ако се земе предвид организациската култура.