Description

конкретна доминација на едниот пол во дадено занимање, или поголема застапеност на едниот пол во однос на очекуваната застапеност

Additional notes and information

На пример, жените се збирно подзастапени меѓу вработеното население, па нивниот очекуван удел во одредено занимање може да е помал во споредба со уделот на мажите ако се распределат жените на ист начин како мажите во сите занимања. Во практиката, може да биде проблематично да се замисли родовата сегрегација во релативна смисла, бидејќи главната причина зошто жените учествуваат со помалку од 50% во вработената работна сила е родовата распределба на работата околу домот и нивното непропорционално поголемо учество во неплатената грижа и работата во домот. Оттука, разумното појдовно очекување за постигнување родова еднаквост би било да се измери сегрегацијата преку мерењето дали едниот или другиот пол го сочинува мнозинството во одредено занимање или работно место (користејќи апсолутни вредности).